back

Добредојдовте во Ал-Макс

„АЛ-МАКС“ е единствен произведувач на високо квалитетно сончогледово масло “БИСЕР”. Рафинеријата за масло ,,АЛ-МАКС,, од Струмица произведува и полни 100 % сончогледово масло за јадење во повеќе видови на PET амбалажа и тоа, амбалажа од 1 литар пакувано од по 12 шишиња во термо фолија, амбалажа од 4.750 литра пакувана по 4 шишиња во термо фолија, амбалажа од 5 литра пакувана по 4 шишиња во термо фолија и амбалажа од 10 литра пакувана од по 2 шишиња во термо фолија, како и масло за јадење во цистерни – рефус.

Историја на компанијата

Фирмата „АЛ-МАКС“ ДОО Струмица Р.Македонија е формирана во 1997 година, а со изградбата на Рафинерија на масло е завршено кон крајот на 1998 година. Рафинеријата се простира на површина од 10.000 м2 и веднаш по изградбата започнува со работа и од тогаш до денес нашиот производ го продаваме низ Р.Македонија и надвор од неа.

Како резултат на успешното работење на двапати во 1999 година и 2008 година Советот на Општина Струмица ни доделува годишна награда „Спомен Плакета“ како највисоко Општинско признание за особени резултати и успеси во областа на стопанството.

Рафинеријата за масло ,,АЛ-МАКС,, ДОО од Струмица вработува 75 работника, меѓу кои Висококвалитетен тим од инжинери, техничари и технолози па со примена на висока технологија се гаранција за високиот квалитет на сончогледовото масло „Бисер“ кој со право го носи епитетот „масло Бр.-1 во Р.Македонија“.

Што другите велат за нас

Aл – макс е реномирана фирма и бренд препознатлив во Македонија и соседните земји. Нашите потрошувачи се многу задоволни од квалитетот на нашето масло БИСЕР, квалитетот на услугите, достапноста во време и на терен, како и достапноста на стручни информации во врска со квалитетот на маслото. Исто така од анкетите што ги спроведуваме на нашите потрошувачи се доста задоволни од изгледот на амбалажата и конкурентноста во цената.

Граѓанин

Масло со најдобар квалитет , без бисер неможеме да ја замислиме нашата зимница

Граѓанин
Граѓанин

Мојата одлука е едноставна, се одлучив за маслото БИСЕР.

Граѓанин
Сопственик на продавница

Секогаш навремена и брза достава на продуктите.

Сопственик на продавница
© Copyright - АЛ-Макс 2017