Денеска во Службата за трансфузиона медицина во Струмица се организираше крводарителска акција под покровителство на Рафинеријата за масло „АЛ-МАКС“ од Струмица, како општествено одговорна компанија, која со иницијативата го помогнаа денешниот настан.
Беа обезбедени 40 единици крв со различна крвна група, а дарителите добија подароците од покровителот „АЛ-МАКС“. Во акцијата освен менаџерите на компанијата, Атанас Пишев и Михајло Крајц со вработени се вклучија и медицински лица од Итната медицинска помош на ЈЗУ „Здравствен дом“ и Физикална терапија при ЈЗУ „Општа Болница“.
„Ви благодариме, бидете поттик и пример за многу такви хумани активности во иднина и од други компании во нашиот регион“, е пораката од Службата за трансфузиона медицина во Струмица по денешната граѓанска крводарителска акција.